Сите или скоро сите што не се упатени многу во планинарењето, или пак некој од присутните на овој веб сајт ,ќе се праша или ќе рече : што е тоа планинарење или што не тера да одиме.

За некој Планинарењето е акање во природа или искачување на некој врв. За некој бесцелно шетање во природа и непристапни предели . За некој нејасно прашање е зошто  се искачува некој врв кој и онака  по искачувањето треба да се симне.  Но не е така .  Секој познавател на природата  знае дека Планинарењето е начин и  стил на живот , пропратен со еден куп активности  кој современиот живот на човекот го прават позанимлив , поздрав и пред се поубав.

Одењето во природа , дружењето и  движењето на чист планински воздух претставува активен одмор на планинарот исполнет со задоволство и нови доживувања.

Иако планинарењето физички  исцрува  тоа нас истовремено не обагатува и освежува со нова емоционална енергија , која ни е потребна во ова време на живот и секојдневие.

Занимавањето со планинарење развива многу добри особини и тоа ; снаодливост , храброст, пожртвуваност, прилагодливост, физичка издржливост , друштвеност и смисла за разбирање на луѓето и природата како и запознавање на татковината. Планинарењето  се темели на заедништво и взаемно делување со целта,  за совладување на природните а воедно и сопствените психофизички способности.

Според  сето ова излегувањето во природа и планинарењето покрај тоа што се начин и стил на живот , кај човекот се развива и една јака  и стабилна личност која ја красат храброст , ментална и физичка снага, издржливост , прилагодливост , одговорност спрема себе  друштвото и природата како и квалитетен и здрав живот.

Луѓето имаат и други различни мотиви за планинарење. Некој од нив се дружење, здрав начин на живот , подобрување на кондицијата, предизвик, истражување, фотографија и др  но за сите е едно исто,  а тоа е заедничка љубов кон природата.

Планинарењто  опфаќа еден широк спектар на активности и спортски дисциплини

Разните излети во природа , лесни планинарски тури на пристапни планини, високогорство , спелеологија, Горска служба за спасување, Планинска водичка служба, ориентација, турно скијање, планински трансферзали, планински велосипедизам ,алпинизам и спортско качување .

Сите овие спртови имаат нешто заедничко а тоа е излегување во природа т.е планина и планинарењето е само широк поим на бројни активности и спортски дисциплини

По меѓународна таблица од планинарењето се произлезени и следните дисциплини и спортови :

  • Класично планинарење ( Treking , Haiking , Mountering )
  • Високогорство
  • Алпинизам
  • Ориентација
  • Спортско качување
  • Слободно качување
  • Планински велосипедизам
  • Планинско трчање
  • Скај ранинг
  • Спелеологија
  • Горска Служба за Спасување

Од овие планинарски спортови се произлезени и нашите секции во клубот а тоа се