Високогорство :

Високогорство

Високогорството е активност на планинарење на високи планини, односно на планини што се повисоки од 3000 мнв. Со дововолно искуство и искачени повеќе планини до 3000м секој посакува да проба и малку повисоко , но за високогорството потребно е големо искуство и психофизичка сила . Оваа активност претставува екстремна активност и може да се каже дека е и премин т.е граница од класично планинарење во алпинизам. За да планинарот се смета за високогорец , мора да задоволи низа од услови . На страната на планината е да надминува 3000мнв а на страната на планинарот е да има адекватно искуство , знаење , кондиција адекватна опрема и познавања од техники на алпинизмот како и користење на алпинистичка опрема. Климатските услови на високите планини се доста непредвиливи а многу често и екстремни а исто така и состојбата на организмот се менува во зависност од надморската висина. За да се спречат тие појави, потребно е планинарот високогорец да биде доста добро психофизички подготвен и припремолемиот дел од врвовите на високите планини се технички сложени и многу често опасни, поради што кај вискогорецот треба да се доста добро развиени и совладани алпинистичките и другите техники на движење , осигурување, бивикување , како и поседување и користење на натехничката опрема. Поради тоа за високогорските искачувања , високогорецот треба да помине одредени школи и курсеви на кој ќе се стекне со различни вештини на движење на глечери и карпи , планински масиви и различни конфигурации на теренот, метеорологија и проценка на временската ситуација , ориентација и користење на технички помагала , различни симулации за опасности на планина и висина , висинска болест , прва помош и спасување итн..
Одговорно лице за високогорство во нашиот клуб е Тодорче Ѓоргиев 075 216 099