АЗОТ - Клуб за планински Спортови.

Група на млади искусни членови на планинарски клубови од Велес, непронаоѓајќи се себеси , односно неможноста да ги остварат своите идеи , цели , мотиви , желби за усовршување на своите знаења и вештини , како и желбата за учество на поголем број на акции и одржување на информативни собири како иодржување на предавања на граѓаните и учениците , одлучуваат да излезат од матичните клубови и да го формирааат Клубот за Планинарски Спортови Азот.

СЕКЦИИ

КПС АЗОТ

Ве покануваме да станете наши членови, и заедно да уживаме во планина

Следни Активности

Август 18
Ararat 5137 Turkie
2023 Година
Октомври 13
Island peak 6189 Nepal
2023 Година
Август 19
Ararat 5137 Turkey
2022 Година
Јануари 15
Kilimanjaro 5895 Tanzania
2022 Година
Јули 17
Elbrus 5642 Russia
2022 Година

Како да станам Член и да се зачленам во КПСАЗОТ

Да се стане член на планинарски клуб е лесно . Со плаќање на годишната членарина вие станувате член . Но плаќањето на членарина не е значи само членство . Треба да ја сакате и почитувате планината и природата , треба да ги почитувате и спроведувате целите од Статутот и програмските активности на КПСАЗОТ и најважно од се е да имате желба да одите и да се дружите на планина. Со одењето во природа и планина во слободно време , особено на планина вие добивате активен одмор и рекреација , преку кој се гради и формира здрав и благороден член на нашата заедница. Зачленувањето на нови членови и плаќањето на годишната членарина по пат на уплатница е најкасно до 01.04 во тековната година а после тој термин со консултација на еден од телефонските броеви , за заедничка збирна уплата и избегнување на големите банкарски провизии. Без разлика дали со одењето на планина ќе пристапите професионално кон планината , акциите и постигнување на врвни резултати или ќе бидете на планина за убави прошетки и излети , или пак само сте за убави дружења и престој во природа, ние сме тука за Вас. Доколку ги исполнувате условите , имате особини на издржливост, снаодливост, скромност и пред се сте за другарство, уплатите на уплатница (ПП10) 650* денари, на име годишно членство на жиро сметка на клубот :


Уплатница

Пример за пополнета уплатница


Потоа треба да ја потполните изјавата за членство , да ја испечатите и потпишете и да ни ја испратите на маил contact@kpsazot.mk заедно со уплатницата или донесете на наредниот состанок на клубот кој благовремено го закажуваме на нашата страна / група на Facebook. Со плаќање на членарината Вие добивате :

  • Планинарска книшка од Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија
  • Годишна планинарска маркица
  • Осигурување во осигурителна компанија за движење на планина до 3000 мнв
  • Планинарска основна едукација ( теорија и пракса )
  • Вклучување во разни обуки организирани од клубот
  • Употреба на клупска опрема ( на реверс )
  • Попуст за ноќевање во Планинарски домови
  • Попусти при купување на планинарска опрема и
  • Предност пред останатите за учество на акции организирани од страна на КПСАЗОТ

*Доколку имате и поседувате планинарска книшка , годишната членарина е 600 денари


ГАЛЕРИЈА НА АКТИВНОСТИ

МУСАЛА
МУСАЛА

Искачување на Мусала

ВИДИ СЛИКИ
ОЛИМП
ОЛИМП

Искачување Олимп

ВИДИ СЛИКИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

важни документи

ФПСМ
Движење низ планина во зимски услови

ФПСМ

Федерација на планинарски спортови на Македонија

Информирај се
ФПСМ
ЗА БЕЗБЕДНА ПОСЕТА НА ПЛАНИНИТЕ ВО ЗИМА

ФПСМ

Федерација на планинарски спортови на Македонија

Информирај се
ФПСМ
УПОТРЕБА НА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ВО ПЛАНИНА

ФПСМ

Федерација на планинарски спортови на Македонија

Информирај се