Спортско качување :

Спортското качување е слободно совладување на одредена линија на природна или вештачка карпа, на однапред поставени и обезбедени насоки, користејќи се исклучиво со рацете и нозете за напредување во насоката, нагоре. Целта и идеата е да успее да се стигне до врвот на карпата или крајната точка (сидриште) без пад или било какво помагање со безбедносната опрема (влечење по комплети и итн.), качувајки исклучиво користејќи се со рацете и нозете, и доведувајки ја на тест личната атлетска способност. Качувачот при што качувањето е обезбеден со јаже, карабинери и експанзивни клинови за максимална безбедност при евентуален пад.
Духот и суштината на спортското (слободното) качување е надминување на сопствените можности и континуирано поместување на границите качувачкиот спорт. Користејчи се со соодветни техники за обезбедување и качување и сите препорачани и утврдени мерки за претпазливост и безбедност, спортското качување е еден од најбезбедните спортови што ги познава човекот. Магијата на овој спорт е покревање на сосптвените можности, подигнување на личните граници, како и градење самодоверба и покревање на личната способност преку паралелен процес на незаборавна качувачка авантура со секоја следна качена насока.
Одговорно лице во клубот за спортско качување е Дејан Китановски 076 460 317