Клуб за Планинарски спортови АЗОТ

 

 

Група на  млади искусни членови на планинарски клубови од Велес,  непронаоѓајќи  се себеси , односно неможноста да ги остварат своите идеи , цели , мотиви , желби за  усовршување  на своите знаења и вештини ,  како и желбата за учество на поголем број на акции и одржување на информативни собири како иодржување на предавања на граѓаните и учениците , одлучуваат да излезат од матичните клубови и да го формирааат Клубот за Планинарски Спортови Азот.

Со формирањето на новиот клуб,  односно со членување во клубот ,  секој член има право да ги каже и спроведе своите идеи доколку се во согласност со Статутот на здружението . Има право на усовршување на своите знаења и вештини ,  да учествува на поголем број на акции и има задача да го промовира планинарењето . Сите активности , особено сите  лесни тури се исполнети со  промоции и предавања  на членовите на клубот се со една цел :   да се соберат што  поголем број на граѓани и од  истите да произлезе и прибире нов млад кадар.  Истите да ги обучува со планинарски знаења и вештини и да создава кај нив навики слободното време да го поминуваат во природа, особено во планина , бидеќи планинарството е форма на активен одмор и рекреација преку       кој  се гради   и  формира здрав,  силен и благороден член на нашата заедница.

Членовите на КПСАзот,  беа столб на сите акции на стариот клуб  , тие се истите кој го промовираа клубот и градот и продолжуваат со исто темпо на реализација на планот и програмата на Клубот за планинарски Спортови Азот.

Клубот за планинарски спортови Азот , за  неколку години  постоење,  во Македонија има реализирано стотици акции за искачување на планинските масиви и врвови , маркирање и мапирање на планинарски патеки, учество во спасувачки акции и на сите акции на врвовите го има истакнато знамето на клубот и на Република Македонија .

За неполни 6 месеци од постоењето , членовите на клубот успеаа да на врвот Солунска Глава 2540 м , кој е највисок врв на Масивот Мокра односно на планината Јакупица да однесат  : 500кг песок , 200 кг цемент , 500 литри вода , 200 кг железо и за прв пат по 70 години од првото искачување на врвот,  постават одбележје на самиот врв и го означат .

Како реализирани акции на членови на клубот , може да се наведат традиционалните  искачувања на сите највисоки врвови на Балканот  ( Мусала , Вихрен, Олимп, Триглав , Кораб ,Титов Врв, Пелистер , Кајмакчалан) и истите се повторуваат секоја година .   Членовите на клубот зимаат учество во организирани акции на други клубови од Македонија и соседството . Имаат учествувано на повеќе работилници и предавања од искусни планинари и високогорци .

Дел од членовите на клубот беа носители и организатори во двата традиционални маршеви со кој Градот  се гордее , а тоа се Традиционалното ноќно искачување на ридот Св.Илија и Деветто ноемвриското искачување на врвот Солунска Глава. Од поставувањето на одбележјето на Солунска Глава ,  воспоставија и традиционален марш по тој повод .

Ќе бидеме скромни и нема да ги броиме сите акции на клубот кои се реализирани во изминатите три години  затоа што се многу . Нам секоја акција ни е важна и кога по завршување на акцијата ќе видите насмеани и позитивни  лица и знаеме дека сме успеале и сме направиле нешто добро.

Единствена акција што е за споменување и ќе ја спомнеме,  е  клупската акција  во 2018 година, кога сите  33 члена кој учествуваа на акцијата во организација на клубот , се искачија сите 33, од кој 32 за прв пат го искачија Триглав 2864 мнв  .

Во клубот членуваат и професори по физичка култура и спорт , имаме лиценциран планинарски водич и неколку кандидати- стажанти за стекнување на лиценца за водич.

Клубот располага и со заедничка техничка опрема  , која е на располагање на членовите при изведување на технички акции и оперативни задачи.

За овие години постоење на Клубот за Планинарски спортови Азот , направени се неколку секции во клубот а најголеми резултати има Високогорската секција , потоа младинската секција и секцијата за спортско качување.

Во овој период , високогорски резултати со кои може да се пофали клубот,   како на Општинско ниво , така и на Државно , покрај  искачувањата на највисоките врвови во Македонија , наши членови се имаат искачено и на : Арарат 5137 Турција , Дамаванд 5671 Иран , Елбрус 5642 Русија , Гранд Парадизо 4061 Италија , Мон Блан 4810 Франција , Кастор 4224 Швајцарија , Мармолада 3344 Италија , Килиманџаро 5895 Танзанија , како и трекинг на Алпите и многу други до 3000мнв , меѓу кој и зимни  искачувања на Мусала 2925 , Олимп 2917 , Вихрен 2915 , 2864  , Маљовица 2729  , Кајмакчалан 2521 и многу други а истите ги повторуваме секоја година . За овие искачувања , клубот и поединци имаат добиено награди од Федерацијата на Планинарски Спортови на РМ , Општина Велес како и од Сојузот на спортови на Општина Велес .

Младинската секција на клубот е во подем и во наредниот период клубот ќе ја реализира донесената програма за работа со млади категории . До сега се организирани неколку кампови и  акции само за млади и деца , а секој месец покушаваме да спроведеме акција родители и деца . Неколку наши млади членови имаат искачено и 2925 м , односно 2 деца на возраст од 13 и 8 години , минатата година беа на највисокиот врв на Балканот , Мусала 2925 Бугарија . Минатата година се искачија на Вихрен 2915 , Кајмакчалан 2521 а до сега истите имаат искачено и повеќе други врвои над 2500 м како во РМ така и во соседните држави .

Истите деца во 2014 год и 2019 год , двете на 8 годишна возраст беа прогласени за  најактивни , најмлади и најперспективни планинари прогласени од Федерацијата на Планинарски Спортови на РМ .

Претседателството на клубот , Управниот и Надзорниот орган, како и Судот на честа,  се формирани од искусни планинари со повеќегодишно искуство на планина

Претседателот на клубот е искусен Планинарски водич со UIAA лиценца . Има искачено неколку врвови над 5000 м , 4000 , 3000 и многу , многу врвови над 2500 . Има добиено  повеќе  Општински и Државни награди и признанија,  како и од Федерацијата на планинарски Спортови на Македонија. 5 години по ред беше е во првите 10 спортисти во Велес. Сега е член на Претседателството на Федерацијата на планинарски Спортови на Македонија и член на комисијата за планинарски домови .