Сите или скоро сите што не се упатени многу во планинарењето, или пак некој од присутните на овој веб сајт ,ќе се праша или ќе рече : што е тоа планинарење или што не тера да одиме.
За некој Планинарењето е акање во природа или искачување на некој врв. За некој бесцелно шетање во природа и непристапни предели . За некој нејасно прашање е зошто се искачува некој врв кој и онака по искачувањето треба да се симне. Но не е така . Секој познавател на природата знае дека Планинарењето е начин и стил на живот , пропратен со еден куп активности кој современиот живот на човекот го прават позанимлив , поздрав и пред се поубав.
Одењето во природа , дружењето и движењето на чист планински воздух претставува активен одмор на планинарот исполнет со задоволство и нови доживувања.
Иако планинарењето физички исцрува тоа нас истовремено не обагатува и освежува со нова емоционална енергија , која ни е потребна во ова време на живот и секојдневие.
Занимавањето со планинарење развива многу добри особини и тоа ; снаодливост , храброст, пожртвуваност, прилагодливост, физичка издржливост , друштвеност и смисла за разбирање на луѓето и природата како и запознавање на татковината. Планинарењето се темели на заедништво и взаемно делување со целта, за совладување на природните а воедно и сопствените психофизички способности.
Според сето ова излегувањето во природа и планинарењето покрај тоа што се начин и стил на живот , кај човекот се развива и една јака и стабилна личност која ја красат храброст , ментална и физичка снага, издржливост , прилагодливост , одговорност спрема себе друштвото и природата како и квалитетен и здрав живот.
Луѓето имаат и други различни мотиви за планинарење. Некој од нив се дружење, здрав начин на живот , подобрување на кондицијата, предизвик, истражување, фотографија и др но за сите е едно исто, а тоа е заедничка љубов кон природата.
Планинарењто опфаќа еден широк спектар на активности и спортски дисциплини
Разните излети во природа , лесни планинарски тури на пристапни планини, високогорство , спелеологија, Горска служба за спасување, Планинска водичка служба, ориентација, турно скијање, планински трансферзали, планински велосипедизам ,алпинизам и спортско качување .
Сите овие спртови имаат нешто заедничко а тоа е излегување во природа т.е планина и планинарењето е само широк поим на бројни активности и спортски дисциплини
По меѓународна таблица од планинарењето се произлезени и следните дисциплини и спортови :
- Класично планинарење ( Treking , Haiking , Mountering )
- Високогорство
- Алпинизам
- Ориентација
- Спортско качување
- Слободно качување
- Планински велосипедизам
- Планинско трчање
- Скај ранинг
- Спелеологија
- Горска Служба за Спасување
Од овие планинарски спортови се произлезени и нашите секции во клубот а тоа се
Класично планинарење
Класичното планинарење е најзастапено и најпосетувана секција во нашиот клуб …
ПовеќеВисокогорство
Високогорството е активност на планинарење на високи планини, односно на планини …
ПовеќеПланински велосипедизам
Планински велосипедизам е секое возење со специјално дизајниран теренски велосипед …
ПовеќеМладинска секција
Ова секција има за задача да се активира младината, другите членови и сите граѓани …
ПовеќеВодичка Служба
Оваа секција брои неколку членови кои се искусни планинари и имаат повеќе годишен …
Повеќе