Водичка Служба :
Оваа секција брои неколку членови кои се искусни планинари и имаат повеќе годишен стаж на планина . Оваа секција има задача пред секоја тура да се состане и да одреди водичи и помошници водичи за турата која следи . На состаноците се гледа временската прогноза за викендот , потоа по која патека ќе се оди , листата на учесници и се прави план за целокупната организација на турата , од превоз до сместување па се до враќање.
Клубот располага со еден искусен сертифициран и лиценциран водич и неколку други кој се стажанти водичи и кој во иднина ќе се здобијат со лиценца планинарски водич .