Класично планинарење -Treking , Haiking , Mountering

photo31

Планинарењето е начин и стил на живот , пропратен со еден куп активности кој современиот живот на човекот го прават позанимлив , поздрав и пред се поубав.
Одењето во природа , дружењето и движењето на чист планински воздух претставува активен одмор на планинарот исполнет со задоволство и нови доживувања.

 

Класично планинарење

Класичното планинарење е најзастапено и најпосетувана секција во нашиот клуб . Тоа опфаќа излети во природа , планинарски тури по пристапен и непристапен терен до висина од 3000 метри , каде покрај движењето некогаш треба да се користат и рацете или додатно да се осигураме.


Излетничко планинарење

Да се планинари може на повеќе начини. Тоа може да биде планинарење во поблиската околина, како рекреација и без поголеми амбиции, односно уште како се вика излетничо планинарење. Излетничкото планинарење не бара големи подготовки и е достапно за секој човек и секоја возраст. Тоа се излети во близина на градот, обично некои излетнички места каде што постојат прифатилишта, одмаралишта или хотели. Овој начин на планинарење не бара некои искуства. Важни се само облеката и обувките кои треба да овозможуваат слободни движења. Излетниците се движат по планинарски патеки кои обично се обележани (обележани) и означени со патокази. Пожелно е излетниците да ги познаваат основите на планинарството, особено ориентацијата, правилниот начин на исхрана, ноќевање под ведро небо, опасностите во планина, прва помош и др., бидејќи тоа ќе им овозможи да се чувствуваат подобро и посигурно и да ги избегнат евентуалните опасности.
Одговорно лице во нашиот клуб за излетничко планинарење е Владимир Босиков 078 431 678


Рекреативно Планинарење

Повисок степен на планинарење е посетувањето на планините со одредена подготовка и по некој систем. Тоа е планинарење во права смисла на зборот. Таква активност покажуваат луѓето кои не се задоволуваат со блискта околина, туку систематски или повремено ги посетуваат планините, почнувајќи од питомите шумовити предели, па до импозантните врвови на Балканот. Таквата рекреација бара одредена физичка кондиција, соодветна опрема и познавање на основните планинарски вештини. Да планинари по високи и непознати планини, може само искусен планинар кој добро ја познава ориентацијата, опасностите, планинарските објекти, прва помош, опремата. Оние кои немаат искуство а сакаат да одат во непознати и високи планини, треба да го користат искуството на постарите планинари т.н. планинарски водичи.
Одговорно лице за рекреативно планинарење во нашиот клуб е Тодорче Ѓоргиев 075 216 099