Младинска секција :
Ова секција има за задача да се активира младината, другите членови и сите граѓани за престој и снаоѓање во природа, а посебно во планина. Да ги запознава младината, своите членови и граѓаните, со природните убавини на нашата земја, планините и нивното богатство. Потоа има задача да работи на соработка со планинарски и други сродни младински организации во светот и да го негува и развива чувството за заедничко живеење. Да развива и негува натпреварувачки дух во рекреативните и врвните спортови (планинарско трчање, ориентација, алпинизам, спелеологија, спортско качување) и да го обучува членството во специјалните вештини на планинарството како што се: ориентација, алипинизам, спортско качување, спелеологија, прва помош и спасување во планина, зимско планинарење, педагогија и психологија на работа со деца и друго, а меѓу другото има и задачи да делува кон омасовување и воспитување на младината како и остварување на целите на планинарската организација. Да работи на имплементација на програмите за млади донесени од Собранието на клубот и да го афирмира планинарството во целокупниот општествен живот во нашата држава со своето присуство во училиштата, градинките општините и други институции. Да се грижи за сестрана информираност на членството за својата работа , да се грижи за изградба и одржување на планинарската инфраструктура како и да поттикнува и организира масовно планинарство и натпревари за мади.
Одговорни лица за спроведување на планот и програмата на младинската секција се :
Оливера Ѓоргиева, Катерина Трајковска ,Марина Дукова , Кире Гаштев и Тодорче Ѓоргиев , во соработка со комисијта за млади при ФПСМ .